[Видео] Engage Kicks & Gigs: Foltz & ZeeBomb

Во новата епипзода на музичкиот серијал Engage Kicks & Gigs ви ги откриваме младите хип хоп таленти Матеј Фолц, Насте и Шишка.

Тие ни гостуваа во Радио МОФ, исполнувајќи ги „Плен“, „Љубов и пари“ и хитот „Понеделник“.

Веб серијалот Engage Kicks and Gigs, во кој гостуваат млади и алтернативни бендови од Македонија, има за цел да ја поддржи и промовира локалната сцена, како и да ја запознае публиката со домашните музичари од еден поинаков агол.

Звук: Ненад Трифуновски
Монтажа: Горјан Атанасов