[Видео] „Емотивните падови не треба да бидат пречка за успехот“ – говорот на Кристијан Пеев на ораторските вечери на ФОН

Кристијан Пеев има 20 години, тој е студент на Макалестер колеџ, во сојузната американска држава Минесота, во отсекот за математика и применета статистика. Тој беше еден од говорниците на овогодинешните ораторски вечери организирани од ФОН Универзитет, кои беа на тема „Успехот не е конечен, неуспехот е фатален, храброста да се продолжи е тоа што е важно!“. Пеев во својот говор зборуваше за неговиот досегашен успех, како штитеник на Детското СОС село. Во продолжение, интегрално го пренесуваме неговиот говор.