Една планина со ѓубре во влезот на Тетово. Не барајте беќе гласови од тетовчани, соопштуваат од невладината организација „Еко Герила“.
Не е тајна дека Тетово со години се гуши во смрдеа и е на врвот на најзагадените градови во Македонија и Европа, а загадувањето од дивата депонија е горлив проблем за кој тетовчани постојано алармираат.
Радио МОФ на два пати добиваше ветувања од надлежните дека „дивата депонија“, која претставува здравствена опасност и срамна глетка, ќе биде расчистена и ќе се дислоцира на друга локација која ќе се користи како претоварна станица со помало влијание врз животната средина. Најпрво градската администрација гарантираше чистење на ѓубрето до крајот на минатата година, додека последното ветување, беше дека ѓубрето ќе го снема од тоа место до крајот на април.
Сепак и претходниот месец се уште можеше да се забележат расфрлани животински глави, внатрешни органи и коски, помешани со тони ѓубре и градежен шут како на преку 30 степени ги „пече“ сонцето на надвозникот на влезот од Тетово, проследено со ужасна смрдеа која се шири од озогласената депонија.