[Видео] Едо Маајка за Шарената револуција: Се надевам дека ќе успеете во борбата

Шарената револуција доби поддршка и од босанскиот рапер Едо Маајка, кој денеска се појави на протестот организиран од неформалното движење „Протестирам“. Во разговор за Радио МОФ, направен вечерва по протестот, вели дека деновиве престојува во Скопје поради снимањето на епизода од емисијата „Перспектива“, која обработува различни теми посветени на младите од балканскиот регион.

„Шарената револуција е добра за Скопје, се надевам дека ќе успеете со борбата“, рече раперот.

Целиот разговор, може да го проследите во видеото:

Емилија Петреска