Како изгледа еден ден на ентузијастичниот басист и звучниот инженер Раде Биковски? Наидовме на два интересни ангажмани на Раде кои ги документиравме, за да екранизираме едно негово секојдневие, велат од „Култура Бета“ за новото објавено видео.
Режија на видеото е на Марија Хана Трајкоска, камерата е на Борјан Гаговски, додека за монтажата е задолжен Леонид Георгиевски.
Посебна благодарност до: Мартин Џорлев, Александра Арсовска, Канал 103, Vojdi – музички состав од Словачка, како и на Марија Јаќовска која го организираше настапот на Vojdi.