[Видео] ЕЦБ ја претстави новата банкнота од 20 евра

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги претстави нова банкнота од 20 евра, која ќе биде пуштена во оптек од 25 ноември годинава.

Новата банкнота од 20 евра е трета во серијалот „Европа“ на ЕЦБ, по банкнотите од пет евра, претставена во мај 2013 и од десет евра, промовирана лани во септември.