[Видео] Џуно ги направи првите снимки од Јупитер и неговите месечини

Сондата Џуно, робот тежок 3 600 килограми и долг 3,5 метри, кој слета на орбитата на Јупитер на 4 јули, не е најсложеното летало на НАСА, но ги долови првите импресии од оваа планета.

На неговото последно приближување до Јупитер, сондата направи серија фотографии кои во секвенца го направија првото видео од џиновската планета, околу која орбитираат четири месечини: Ио, Европа, Ганимед и Калисто, познати како Галилеови месечини, бидејќи Галилео Галилеј ги открил во 1610 година.

Месечините се прилично интересни за истражување, а особено Европа, бидејќи според повеќето астрономи, има најмногу шанси таа да е дом на жив свет во соларниот систем, покрај Земјата.