[Видео] „Џиновски“ турнир во Тетрис се игра на фасада на зграда во Тел Авив

Секој четврток, на фасадата на зградата на Градското собрание во Тел Авив, се одржува „џиновски турнир“ во Тетрис.

Два огромни џојстикови се сместени на плоштадот Рабин, а минувачите можат слободно да играат во „еден на еден“ партија која може да се види на електричните панели на зградата. Фасадата на собранието е покриена со 480 ЛЕД светилки, и служи како екран од 3000 метри квадратни.