[Видео] Две милиони ѕвезди во движење

Промената на изгледот на нашата Галаксија е откриена во ново видео од мисијата Гаја на Европската вселенса агенција (ЕSA). Движењето на повеќе од две милиони ѕвезди, е следена за 5 милиони години во иднината, користејќи податоци од астрометричките пресметки на Тихо-Гаја, едно од производите на првото издание на податоци од Гаја. Ова обезбедува преглед на движењето на ѕвездите, кое ќе биде објавено во идните податоци издадени од Гаја, кои ќе им овозможат на научниците да ја истражат историјата на формирањето на нашата Галакисија, објави orion.mk.

Ѕвездите се движат низ нашата галаксија, Млечниот Пат, иако промената на нивните позиции на небото се премали и бавни за да бидат забележани со голо око во животниот век на човекот.

Овие промени за прв пат биле откриени во 18 век од Едвард Едмонд, кој ги споредил ѕвездените мапи од неговото време со оние составени од астрономот Хипаркус пред околу 2.000 години.

Во денешно време, ѕвездените движења можат да бидат забележани со повеќе годишни високо-прецизни астрономски набљудувања и сателитот на Европската вселенска агенција, Гаја кој моментално прави обид да ја утврди нивната позиција и движење со огромна прецизност.