[Видео] Две братчиња од Скопје низ видео покажаа како треба да се решава проблемот со загадениот воздух

Дека и децата од Скопје се свесни за последиците од загадениот воздух во главниот град, покажа видеото кое го објавија две братчиња. Без никаква помош за сценарио, идеја, снимање, тие покажаа дека и децата знаат кои се решенијата за проблемот кој и оваа зима им го ограничи движењето надвор.

„За аерозагадувањето, освен вообичаените разговори дома (избегнување на движење на отворено, одење на планина… ) не сме зборувале ништо посебно. Посебно за снимање на таа тема, па воопшто. Ова едноставно сами си смислиле во своите детски главчиња и сами го изреализирале. Јас и сопругата дознавме откако тие веќе завршиле работа и измонтирале. Ние мислиме си играат, а тие играјќи го направиле видеото“, раскажува таткото, Александар Алексовски.

Видеото на Сергиј и Лазар погледнете го во продолжение: