[Видео] Дронови градат мост, технологијата може да се користи за спасување луѓе

Два дрона, кои летаат автономно, изградија мост од сајли кој може да издржи тежина на човек, во последниот експеримент на група научници во Цирих. Научниците од Институтот за динамички системи и контрола и од компанијата Gramazio Kohler, успеале да ги програмираат дроновите да направат мост од околу 7 и пол метри, по кој може да се движат луѓе.

Оваа технологија во иднина би можела да се користи при несреќи и во екстремни ситуации на спасување луѓе на непристапни терени.