[Видео] Дотраените колекторски системи – закана за езерските води

Ефектите од загадувањето почнуваат да се одразуваат и врз езерата, кои што претставуваат едни од најголемите природни богатства на Македонија. Дали надлежните институции соодветно постапуваат и се грижат за заштита на езерските води? Колекторскиот систем на Охридското езеро е најголемиот и најзначајниот во западна Македонија, а работи со половина капацитет.

Видео сторијата за загадувањето на езерата во западна Македонија и проблемите со колекторскиот систем Охрид/Струга е изработена од Македонски институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство Скуп.