[Видео] Документарен филм за парискиот „андерграунд“ звук

Новиот документарен серијал кој го започна DJsounds длабоко навлегува во „андерграунд“ светот на елетронската музика. Епизодите се свеж пристап кон темата, раскажани преку познати ликови од оваа сцена. Меѓу познатите диџеи кои се појавуваат во првото поглавје насловено „ Андерграунд звукот на Париз“ се појавуваат Лорен Гарниер и Томи Водекран, кои даваат чувство на вистински мемоари за развојот на андерграунд сцената во овој град.

Со секоја епизода, DJsounds вклучува и актуелни великани на електронската музика како што се Антигон, Франсоа Икс, и многу други кои дискутираат за развојот и влијанието на париската култура.  Во продолжение може да го погледнете краткиот документарен филм:

Извор: Mixmag