[Видео] Документарен филм за медиа/арт клубот на МОФ во Тетово

[Видео] Документарен филм за медиа/арт клубот на МОФ во Тетово

Во медиа/арт клубот на Младинскиот образовен форум од Тетово од минатата година се разработи и арт компонентата преку која произлегоа драмската претстава „Решение Х“ како и неодамна претставениот документарен филм за медиа/арт клубот Тетово. Документарниот филм накратко ја претставува работатата и позначајните активности на клубот кои се реализирани изминатата година. Членовите на клубот го споделуваат нивното искуство во МОФ, нивното учество во организација на настани во Тетово и постигнатите успеси. Преку содржината на филмскиот јазик координаторите, асистент координаторите и членовите на медиа арт клубовите/МОФ од Скопје и Тетово раскажуваат за мисијата и сето тоа што се случувало и што денес се случува во медиа арт клубот/МОФ во Тетово.

На документарниот филм активно се работеше изминатите два месеци. Филмот е во режија на Глигор Кондовски и трае 35 мин.