[Видео] Документарец за психоделичниот фестивал „Elysium 2018“

Тимот што стои позади српскиот психоделичен арт фестивал „Elysium“, го објави краткиот документерен филм за минатогодишното издание на петднениот настан.

Фестивалот се одржува на остров на реката Дунав, во близина на Нови Сад.

Освен психоделичен транс од меѓународни продуценти и диџеи, фестивалот понуди неколку стејџови, уметнички катчиња, работилници, театар, јога, огнени перформанси, разни штандови, чаи шопови…

Во продолжение, погледнете го филмчето што го спреми тимот на „Elysium“: