Над 35 илјади хектари шума се загубени во Македонија во последните 17 години, поради бесправна и прекумерна планска сеча на дрва, покажува извештајот на „Глобал форест воч“. Проценките се дека шумската мафија заработува и до 25 милиони евра годишно од нелегалното сечење дрвја. Сепак, службена одговорност во МВР и во Македонски шуми досега нема. Научниците предупредуваат дека за масовното пустошење на шумите придонесува и планското сечење, како што е случајот со изградбата на гасоводот на Водно од страна на Владата.
Верзијата со превод на албански јазик погледнете ја на следниот ЛИНК.
Документарниот филм „До кога ќе шумат шумите?“ го изработи Институтот за комуникациски студии, оргиналната објава може да ја погледнете ОВДЕ.