[Видео] „Дете“ – краток филм за секојдневието на еден гејмер

„Дете“ е краток филм на младиот режисер Радован Петровиќ, кој е снимен лани. Идејата на филмот е да навлезе во животот на еден гејмер и да се прикаже неговото секојдневие.

Краткиот филм го прикажува виртуелното бегство како засолништво од чувството на отфрленост, маргинализација, и личната неодговорност.

„Дете“ беше прикажуван на „Синедејс“ и „Браќа Манаки“, а во продолжение погледнете го и онлајн.