[Видео] Derrick May и оркестарот „L’amoureux“, под диригентската палка на Џијан Емин

Успешната соработка на македонскиот музички уметник Џијан Емин и детроитската техно-легенда Derrick May, која имаше своја премиера на фестивалот „Охридско лето“ минатата година, продолжува да ги освојува срцата на љубителите на добрата музика насекаде низ светот.

На фестивалот на електронска музика „Weather“ во Париз, минатата недела Derrick May настапи со парискиот симфониски оркестар „L’amoreux“, кој постои од 1881, заедно со пијанистот и композитор од Луксембург Francesco Tristano, под диригентската палка на Џијан Емин. Еве ја снимката од овој извонреден настап: