[Видео] Демолиран покривот на ГТЦ, искршени инсталациите за зелената градина

Непознато лице го демолирало зелениот покрив на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје. Според видеото што го објави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на својот Фејсбук-профил, искршени се дел од инсталациите кои беа поставени во склоп на проектот за претворање на овој дел од ГТЦ во зелена градина.

„Нема да застанеме заради вакви луѓе. Скопје ќе го биде сакал некој или не“, напиша Шилегов на Фејсбук. Случајот е пријавен и во МВР.

Изградбата на зелениот покрив на ГТЦ започна во февруари, а се планира да биде завршена во септември. Проектот вклучува садење на дрвја и садници, поставување на фонтани, бина, кафуле, како и клупи и паркинг за велосипеди.