[Видео] Дел од конструкцијата на James Webb телескопот на НАСА

James Webb вселенскиот телескоп ќе биде најмоќната орбитирачка опсерваторија која некогаш ја создал човекот, кога ќе заврши неговата изградба.

Во ова timelapse видео, објавено на 11 февруари, е прикажан процесот на градење на телескопот. Инженерските тимови досега имаат завршено само една фаза од овој огромен проект.

За да го создадат timelapse видео ефектот, фотографот Крис Ган и продуцентот Мајкл МекКлер правеле по една слика на секои 30 секунди, во текот на 83 дена, во периодот меѓу 11 ноември 2015 и 1 февруари 2016.

Иако завршувањето на овој сегмент е голем напредок во комплетирањето на изградбата на телескопот, НАСА вели дека сепак е само почеток.

„Периодот отсега до почетокот на 2017 година ќе биде најзначајната година во интеграцијата и тестирањето на телескопот“, вели Бил Охс, проектен менаџер на James Webb.

Овој вселенски телескоп е „научниот наследник“ на Hubble, своевремено најголемиот и најмоќен телескоп, произведен од НАСА. На него работат НАСА, Европската вселенска агенција и Канадската вселенска агенција, а треба да биде лансиран од Француска Гвајана во октомври 2018 година.

Извор: IFL Science