[Видео] Деконструкција: Како електронската dance музика го промени светот

Дигиталниот музички сервис Spotify објави видео насловено „Деконструкција: Како електронската dance музика го промени светот“, кое ги опфаќа корените на електронската музика. Двеминутното анимирано видео го објаснува развојот на овој вид музика, со почетоците во Чикаго и Детроит.

Ова е прв дел од серијалот „Деконструкција“ кој ќе содржи 12 кратки анимирани видеа посветени на музичките перформанси и теми поврзани со електронската музика.