(Видео) Дејвид Боуви издаде нова песна, прва по цела деценија

Легендарниот британски музичар Дејвид Боуви издаде нова песна на неговиот 66-ти роденден, што е негов прв музички материјал по пауза од цела деценија. Песната „Where are we now“ е издадена само во видео форма, како најава за долгоочекуваниот нов албум на Боуви, “The Next Day“, кој ќе излезе на 8 март.

Боуви не настапувал во живо од 2006, а во изминатите години не се појавуваше во јавноста. Новата песна е снимена во Њујорк, а е продуцирана од долгогодишниот соработник на Боуви, Тони Висконти. За музичките новинари, враќањето на Дејвид Боуви е вистинско изненадување, но тие исто така се уверерени дека „камелеонот“ има што да му соопшти и да му понуди на светот.

„Where are we now“ е песна во која се зборува за Берлин, каде Боуви и Висконти во 70-те години заедно ги снимија антологиските албуми „Low“, „Heroes“ и „Lodgers“.