(ВИДЕО) Дебата: Неформалното образование е повреднувано на пазарот на трудот од формалното

По повод Светскиот ден на Ромите со одржа јавна дебата на тема „Неформалното образование е повреднувано на пазарот на трудот од формалното“, организирана од фондација ИДЕА ЈИЕ и Ромаверзитас.

Ромаверзитас како модел за неформално образование за студентите Роми постои од 2001 година, а работи примарно за академска поддршка и интеркултурно учење на студентите Роми.



Модераторот на дебатата Мите Кузевски од интернационалната мрежа за дебата ИДЕА ЈИЕ рече дека овој ден во светот ја слави традицијата, културата и историјата на ромската заедница и е резултат на борбата против дискриминацијата со која се соочува оваа група во светот. Ова е иницијатива како што вели тој против дискриминацијата на ромите и почитување на човековите права без разлика на пол, вера, етничка и национална припадност.

„Темата: Неформалното образование е повреднувано на пазарот на трудот од формалното“ конкретно ги прави младите поконкурентни на пазарот, и тоа не само Ромите туку младите воопшто. Она што ние сакаме да го испратиме како порака е дека образованието кое е составено и од формално и од неформално образование е клучот за успех на младите и во Македонија и во светот“, рече Мите Кузевски од ИДЕА ЈИЕ.

Фикрија Таир говорник на дебатата истакна дека најголеми проблеми со кои се соочуваат младите роми во однос на нивната конкурентност на пазарот на трудот се предрасудите кај работодавачите, но сепак постојат и работодавачи кои го ценат квалитетот на работата и со тек на време тие предрасуди се губат.

Елвис Барјам вели дека иако младите Роми се соочуваат со проблеми во образованието и на пазарот на трудот, а со самата активност и волонтирање во невладините организации се здобиваат со вештини.

„Состојбата на Ромите на пазарот на трудот не е баш најсјајна, но се со самиот невладин сектор и активностите во него се отвараат многу можности за вработување“, рече Бајрам.

Извор: А1ON.MK