[Видео] Дебата – Наметнати уставни измени

Вo ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, Фондацијата Отворено општество – Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права, ЛГБТИ Центарот за поддршка, Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ и Македонскиот центар за европско образование денеска организираа јавна расправа по Нацрт-амандманите на Уставот на РМ.

[Видео] Дебата - Наметнати уставни измени

Најновите нацрт-амандмани на Уставот на РМ, предложени од страна на Владата, на македонската јавност и беа најавени непосредно пред летните годишни одмори.

– Со исклучок на делот од Амандманот XXXIII кој предвидува уставно редефинирање на бракот како заедница исклучиво само меѓу еден маж и една жена, ниту една од другите предвидени уставни измени во минатото не била тема на јавна дискусија. Дополнително, уставните измени се предлагаат без соодветно и издржано образложение и во услови кога работата на Собранието ја бојкотираат сите опозициски партии. Во услови на постојано стеснување на слободниот простор за дебата, организаторите на јавната расправа вложуваат напори на македонската јавност да ѝ овозможат размена на гледишта на правни и економски експерти во врска со актуелните предлози за измена на Уставот на РМ, велат организаторите.

Говорници на дебатите беа Светомир Шкариќ, Маргарита Цаца Николовска, Петар Гошев, Абдулменаф Беџети, Кире Наумов, Кочо Андоновски, Славчо Димитров и Ирена Цветковиќ. Во продолжение погледнете видео од настанот.