Видео дебата на „Зебра“ – Младите во Македонија

Видео дебата на Зебра - Младите во Македонија Колку младите во Македонија се вклучени во општествените случувања, како државните институции влијаат врз создавањето силна граѓанска свест кај младите, каква улога играт Студентскиот парламент и невладините организации? Ова се дел од прашањата на кои се дебатираше во последната емисија „Зебра“.

Во првиот дел на тема „Дали младите во Македонија се доволно напредни и активни предводници на промените во нашето општество“, дебатираат  Стефан Алексиќ од Младинскиот образовен форум и Марија Василевска од СПУКМ.