Братучетката успеала да се вработи преку партијата, а нема поим од работата што треба да ја врши. Браво, секоја чест! Ама – кога следниот пат ќе загубите цел ден, две третини од нервите, а и некоја пара на шалтерите и низ ходниците на државните служби, тоа е зашто зад вратите седат нејзините колеги, вработени на ист начин.
Ситната корупција не е проблем само поради директните штети што ги нанесува. Многу поголем проблем е што таа ја поттикнува културата на корупција. Поттикнува општество во кое не е важно дали се почитуваат правилата што се добри за сите, туку секој се обидува да искористи колку што може. Со таквата свест, борбата против крупната корупција е речиси невозможна, а државниот систем се повеќе ќе тоне.
На оваа тема повеќе погледнете во деветтата епизода на „Да ти нацртам“, во продукција на „Балкон3“.