[Видео] Да ти нацртам: „Како да го победиш ѓубрето“

Во новата епизода на анимираниот серијал „Да ти нацртам“ на Балкон3, фокусот е ставен на отпадот и депониите.

„Ова е отпадот. Тој е наш непријател. Отпадот е составен од сосема обични предмети што сме ги фрлиле откако веќе не ни требале. Отпадот не постоел во праисторијата. Тогаш сé било ретко и сé се користело. Но, потоа луѓето почнале да живеат во поголеми населби и во градови. Имале повеќе и фрлале повеќе“, се вели во најавата на видеото.

18-тата епизода може да ја погледнете во продолжение: