[Видео] Cupid Carries A Gun – најновата песна на Marilyn Manson

Пејачот Marilyn Manson на својот Youtube канал ја сподели неговата најнова песна „Cupid Carries A Gun“ која е дел од неговиот нареден четврти албум „The Pale Emperor“.

Менсон неодамна изјави дека се чувствува самоуверено во врска со неговиот нов албум.

„Јас не се чувствував на овој начин уште од „Holy Wood“ (2000), каде судбината ги спои работите со причина. Се чувствував како работите да требаа да паднат во едно исто место. Оваа не е крајното од она што можам да го постигнам, но покажувам доследна почит кон себеси и она што го направив во минатото. Тоа е она што требаше да биде“, изјави Менсон.

Албумот во кој преовладува рокенролот треба да биде објавен на 19-ти јануари и е прва соработка на пејачот со филмскиот композитор Tyler Bates, познат по неговата работа на „Guardians Of The Galaxy“.