Северна Австралија сè уште се бори со последиците од циклонот Деби, што доведе до големи поплави во Квинсленд, објави Си-ен-ен.
Некои од жителите не го сфатиле сериозно предупредувањето на полицијата да не излегуваат во водите од поплавата, па дури и сурфале на нив.
Сепак, многумина од нив се премислиле откако на брегот била исфрлена бик-ајкула, еден од најопасните видови, познати по напади врз луѓето.
Австралискиот метеоролошки центар соопшти дека во следните 24 часа се очекуваат големи количества дожд, па некои жители почнале да градат насипи околу својот имот.
Претседателката на Владата на Квинсленд Анастасија Палачук ги повика граѓаните да не ги напуштаат своите домови и најави дека е потребна помош на патиштата.