[Видео] Царовска: Ковид-19 ни покажува зошто ни треба цврст образовен систем

Последиците од пандемијата со Ковид-19 недвосмислено покажаа оти нашата држава треба да научи дека планирањето на инвестициите во образованието значат многу. Голем е предизвикот да се започне учебната година на ваков начин, со ресурсите кои и досега ги имаа училиштата, бидејќи екстра ресурси, нема. Ова во интервју за Мета го вели Мила Царовска, новата Министерката за образование и наука која мандатот го започнува во време на пандемија.

Таа раководи со обемен и сложен систем, кој го сочинуваат околу половина милион ученици, студенти, наставници, професори, родители.

Покрај другото, Царовска во интервјуто зборува за подготвеноста на системот во вакви вонредни услови, на дваесетина дена пред стартот на новата учебна година, за можноста да се исправат грешките од минатото, за дигиталните вештини кои ги поседуваат наставниците и за воведувањето на медиуската писменост како дел од борбата против дезинформациите.