[Видео] Британски рејв во 1989

Рејвот отсекогаш бил супкултурна институција, одржувана во живот од млади луѓе од почетокот на 80-те години на минатиот век. Иако нејзините почетоци се во хаус и техно движењата родени во Чикаго и Детроит, електронската музика и рејвот имале посебно силно влијание во Велика Британија, која поради тоа се смета за родно место на модерната рејв-култура.

Оваа снимка од 1989 дава ретка можност да се види како изгледале раните рејв-журки. Голема група млади луѓе танцуваат на утринското сонце, на звуците на есид-хаусот, кој во тие години ги имаше своите најславни моменти. Стовариштето во кое е организирана журката, најверојатно нелегална, е полно, што значи дека повеќето од рејверите биле таму цела ноќ.

Денеска, овие луѓе се во доцните 40-ти и 50-те години од животот, што според Mixmag, би требало да биде доволно за денешните генерации рејвери да ги почитуваат постарите.