[Видео] Британска тинејџерка пет часа протестираше на арктичкиот мраз

Сателитските снимки од 15 септември покажуваат дека мразот на Арктикот зафаќа 3.74 милиони квадратни километри морска површина, што е случај по втор пат во 42 години таа бројка да падне под четири милиони квадратни метри. Поради ова, 18-годишната тинејџерка Мја-Роуз Крег минатата недела протестираше на најсеверниот дел на хемисферата, пренесува хрватски „Индекс“.

Крег таму стигнала со еколошката организација „Гринпис“. Протестираше пет часа, држејќи транспарент на кој пишуваше „Младински штрајк за климата“.

„Сакав со свои очи да видам на што сме изложени, затоа што клучниот заштитник на нашата планета, Арктичкиот океан се топи неверојатно брзо“, рече таа.

Младината предводена од шведската активистка Грета Тунберг протестира ширум светот, за првпат откако почна пандемијата со коронавирусот, барајќи акција за запирање на климатските промени и ублажување на нејзините последици. Пожарите на западниот брег на САД, рекордните поплави во Кина и абнормалните топлински бранови на сибирскиот Арктик се некои од елементарните непогоди кои го погодија светот.