[Видео] Бранови од мраз на брегот во Минесота

Смрзнатoто езеро Супериор донесе голема количина мраз на брегот во Минесота. Видеото е снимено на 13 февруари, кога поради кршење на мразот на површината на езерото, мразото во вид на стаклени кристали преку брановите стигнал до самиот брег.

Неверојатното видео е снимено од Дон Лапуант, од „Radiant Spirit Gallery“, кој ги „фаќа“ ледените бранови од неколку различни агли од брегот на езерото.

Погледнете го видеото кое ја покажува убавината на зимата: