[Видео] Боење на Собрание и порака: Не ви се плашиме!

Не ви се плашиме, беше пораката од Протестирам и Шарената револуција испратена пред Собранието на РМ, кое и денеска беше боено од демонстрантите.

Од бината пред законодавниот дом прв се обрати Роберт Алаѓозовски, издавач и писател, кој се обрати кон Никола Груевски за да му каже дека повеќе не може да ги плажи, затвора и суди граѓаните

Затворањето, насилството е веќе неостварливо. Ние не се плашиме. Може да биде и полошо, ама само за тебе“, рече Алаѓозовски.

Свои обраќања имаа и режисерката Ирена Стеријовска и професорката Мирјана Најевска, кои за денеска имаа покани да се јават во полиција поради шарањето државни објекти.

„Ќе им порачам – со заплашувањата сте грешка, со Собрание сте грешка, со Министерство за правда сте грешка, со Уставен сте грешка, со Министерство за култура сте грешка. Грешка сте со цела Влада и сите послушници и ќе одогварате. Не се плашиме!“, порача Стеријовска.

„Се работи за тоа дека ни газат по основното човеково достоинство, не тераат да мољакаме за тоа што ни приопаѓа, не тераат да се лигавиме за секоја коска која ни ја фрлаат. Ни ја уништија сегашноста и заробија иднината, и нашата , и на нашите деца, и на нашите внуци. Доста беше, не одиме ни чекор наназад и не ви се плашиме“, рече Најчевска.

Денешниот протест започна во знак на солидарност со приведените демонстранти и оние кои секојдневно се повикувани на информативни разговори во полиција, а под мотото „Се пријавувам! И јас сум хулиганка!“13293167_132721497136226_209755176_n (1)

Протестот започна пред СЈО каде денеска беше поставен и штанд каде граѓаните можат да остават свои податоци и да се потпишат како учесници на Шарената револуција. Освен Собранието, денеска се боеше и Министерството за правда.