[Видео] Битолските кафулиња низ времето

„Битолските кафичи низ времето“ е новиот документарен филм на Агим Џело, чија промоција се одржа викендот, а од денес е достапен за гледање и на Јутјуб.

Документарецот е сниман и монтиран во соработка со БИТ ФЕСТ 2017 година. Тој го претставува социјалниот живот во кафе баровите во Битола од периодот од 80-те и 90-те години. Филмот потсетува на поранешниот алтернативен културен простор во градот.

Во продолжение, може да го погледнете документарниот филм.