[Видео] Битолски Баир – Живот без вода покрај депонија

Без пристап на вода за пиење, со само една јавна чешма за популација од 1500 луѓе каде вода има само во раните утрински часови меѓу 3 и 7 часот, со невработеност и криминал, се соочува ромското население кое ѓивее во населбата Баир, во Битола. Со цел да го покаже животот на овие луѓе, регионалното географско друштво „ГЕОСФЕРА“ од Битола, финансиски поддржана од Фондацијата Отворено Општество Македонија, изработи кратко видео за Баир.

Целта на видеото е да се подигне свеста кај граѓаните и институциите во град Битола за решавање на наталожените проблеми, особено во делот на чистење на двете големи диви депонии (едната се наоѓа во самиот канал за прифаќање на поројните води, со што, населбата Бадембалари е доведена во опасност од поплави при идни поројни врнежи), но и трајно решавање на пристапот до чиста вода на голем број домаќинства, бидејќи според многубројните меѓународни конвенции, правото на пристап до чиста вода е елементарно човеково право.