[Видео] Битола пред коронавирусот – млади направија видеа за загадувањето, јавниот превоз и улиците во градот

Во ноември, млади битолчани направија анкети со локалните жители за секојдневните проблеми со кои се соочуваат тие, како загадувањето, јавниот превоз и состојбата со улиците. Преку нив, тие се обидоа да ја подигнат јавната свест за одредени проблеми во локалните заедници, пред појавата на новиот коронавирус.

Нивните продукти беа резултат на тродневна видео работилница  за млади која се одржа во МКЦ Битола од 29-ти ноември до 1-ви декември 2019 година.

Тие учеа за медиумската писменост, техники за снимање и стекнување на вештини за изработка на видео прилози, но имаа и можност да дискутираат за предизвиците и недостатоците на локално ниво и научија за техниките како се снима и монтира кратко видео.

Работилниците се дел од проектот „Empowering youth for social engagement through media“ поддржан од National Endowment for Democracy.