[Видео] Билатералните теми не треба да бидат дел од преговарачкиот процес

Искреност, наместо молк бараат политичари и интелектуалци од Владата за францускиот предлог за надминување на бугарското вето. Што е предложено и што може да се прифати, дали целиот процес има поддршка од јавноста за да може да се смета за легитимен.

Овие прашања беа поставени на дебатата на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ и Институтот за европски политики на која беше презентиран документот „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“, со цел да ја запознаат пошироката јавност со сите последици од евентуалниот компромис со Бугарија.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.