[Видео] Библиотекарот Илија патува низ скопските села и носи книги за учениците

Библиотекарот Илија тргна со „Библиобусот“ од Градската билбиотека „Браќа Миладиновци“ кон скопското село Орман. Опремена со детска литература, библиотеката на „тркала“ ги посети учениците од ООУ „Јоаким Крчоски“. Таа двапати во месецот посетува 19 училишта во околината на Скопје.

„Библиобусот“ за првпат започнал да вози кон крајот на 70-тите, со цел да им помогне на учениците кои сакаат да читаат книги, но немаат библиотека во нивното село, или пак е многу оддалечена. Радио МОФ провери како е да се биде библиотекар на Подвижната библиотека.