[Видео] „Беше еднаш во Сараево“ – документарец за босанските „надреалисти“

Џеки Роуланд, новинарка на телевизиската мрежа Ал Џазира го направи документарниот филм „Беше еднаш во Сараево“, во кој се зборува за легендарната сараевска екипа „надреалисти“, автори на серијалот „Топ листа надреалиста“ на крајот на 80-те и почетокот на 90-те години. Во овој филм, ги следиме животните приказни на тројца од актерите на познатиот серијал, Зенит Ѓозиќ, Неле Карајлиќ и Бранко Ѓуриќ, кои по војната тргнале по различни патишта. Претставени се нивните визионерски скечеви во предвоеното Сараево, обидите емисијата да продолжи и додека трае војната, како и нивните денешни односи, оптоварени со промените кои ги носи времето.