[Видео] „Бернејс пропаганда“ во домашни услови сними спот за „Дојде живот“

„Во услови на изолација и карантин Кристина Горовска со мобилен сними, измонтира и изрежира спот :) Чувајте се и седете дома!“, соопштуваат од составот „Бернејс пропаганда“, кои вчера преку „Јутјуб“ го објавија домашното видео за песната „Дојде живот“.

Оваа песна се наоѓа на нивниот последен албум „Втора младост, трета светска војна“, издаден лани.