[Видео] Бенкси објаснува како ставил режач со кој се самоуништи „Девојчето со балонот“

Британскиот уличен уметник и активист Бенкси деновиве е повторно во фокусот откако реплика на неговиот познат мурал „Девојчето и балонот“ беше продадено на аукција во Лондон, а потоа делото се самоуништи.

Бенкси сега објави и видео со кое објаснува како тајно поставил режач, со кој делото било „спремно“ во случај да биде продадено на аукција.

Инаку, делото беше продадено во петокот во аукциската куќа „Сотбис“ за 1.04 милиони фунти, со што го израмни претходниот рекорд за продажба на дело од Бенкси од 2008 година.

„Се чини дека бевме наместени во стилот на Банкси. Тој е дефинитивно најголемиот британски уличен уметник, а вечерва видовме дел од неговата генијалност“, изјави по настанот виш директор на „Сотбис“, Алекс Бранчик.