[Видео] Бендот Сигур Рос врши пренос од 24 – часовно возење низ Исланд со музика во реално време

Исландскиот пост-рок бенд Сигур Рос е познат по своите амбиентални звуци и одлични настапи во живо. За следната песна, бендот има нешто ново во план.

За „Пат еден“, групата вози низ Исланд 24 часа и врши пренос во живо од патувањето. Видеото го придружува музика, креирана со користење на Bronze, софтвер за генерирање на музика.

„ Во време кога се се одвива брзо, сакавме да направиме нешто спротивно. Спората телевизија е спротивно активна на светот во кој живееме, со тоа што се случува во реално време“, вели членот на групата Џонси Биргинсон.

Во следните неколку часа, може да се погледне преносот од убавините во Исланд, придружен со музика.