[Видео] „Away“, прв сингл на кочанскиот проект „The Hood“

Кочанскиот музички проект „ The Hood“ го издаде својот прв сингл „Away“ кој е дел од деби албумот што треба да излезе во мај. Текстот и музиката се на фронтменот, Дарко Стојчов.

Формиран минатиот месец ,„The Hood“ е всушност Дарко Стојчов, кој е основач и фронтмен на целиот проект, но во бендот  задолжен за настапи и творење членуваат Емил Милев ( ритам секција ), Гоце Зашев ( клавијатури ), Лазар Велинов ( гитара, виолончело ).

Наскоро ќе излезе најавуваат промоција на „UnderFest“, во Јавна соба, кога ќе биде промоцијата на целото EP.