[Видео] Австралиска кампања против марихуаната предизвика реакции на интернет

Најновата владина кампања против марихуаната во Австралија брзо се прошири деновиве низ социјалните мрежи, добивајќи голем број на критики од јавноста.

Кампањата во која е прикажан „надуван“ мрзливец во повеќе секојдневни ситуации има веќе своја страница на Tumblr и  Фејсбук профил. Целта на кампањата е да ги научи децата на негативните последици од користење на марихуаната, но наместо тоа, доби потсмевање.

Рекламата стана актуелна деновиве со повеќе од 1,6 милиони прегледи на Youtube, заедно со хаштагот #stonersloth на Twitter, иако таа првпат беше пуштена во ноември. Иако се уште никој не ја презема одговорноста за рекламата, според австралиски медиуми таа е направена од агенцијата Saatchi & Saatchi Australia. Сепак, „ Stoner Sloth“ беше инспирација за голем број луѓе да направат свои пародични верзии од рекламата. Во продолжение, дел од нив: