[Видео] Аргумент 2016

„Овој дом верува дека граѓанинот (не) треба да претпочита егзистенција пред идеологија“  беше тезата на овогодинешното издание на Аргумент – Организирано изразување, кое се одржа синоќа во кино Фросина.

Тимот кој ја поддржуваше тезата беше составен од Уранија Пировска и Никола Димитров, додека во негацискиот тим беа Бранимир Јовановиќ и професорот Ванчо Узунов.

Настанот во живо го пренесуваа Радио МОФ и 24 Вести.

Аргумент: Организирано изразување е целовечерен дебатен настан, чија цел е да ја подобри културата на дијалог и структурата на говорење во јавниот дискурс и да ја промовира аргументацијата како неопходен услов за продуктивна дискусија. Идејата е да се постигне квалитетна дебата на актуелна општествена-политичка тема, прецизно структурирана и организирана на начин на кој ќе овозможи фер дискусија на говорниците на дебатата и на присутната публика.