[Видео] Анкета: Како е да се биде среќно невработен и со испран мозок во Македонија?

Какво е искуството на младите невработени во Македонија, гласи прашањето на нова анкета во која директно може да се дознае мислењето на граѓаните. Тие, нормално, велат дека чувството е прекрасно. Анкетата ја разработува и темата за перење на мозоци, односно како креативен мозок може да стане бел и празен. Погледнете што забележаа тие:

Инаку, видеото е сатирично и е производ на работилница на Медиа/арт клубот Скопје на Младински образовен форум. Него го изработија Јован Цветкоски, Тина Спировска, Сара Бошковска и Тамара Ангелова.

„Како во светот, така и во нашето општество се уништуваат амбициите на младите, се крати слободната мисла и изразување, најчесто преку масовните медиуми, со цел да се стане дел од „машината“. Овој видео перформанс е пародија на секојдневието и изместените норми и погрешни морални вредности на луѓето, неможноста за слободно изразување и стереотипизирање поради тоа што некој е „различен“, велат авторите на видеото.