[Видео] Анимиран краток филм направен со користење на пластелин

Изградена во доцните 80-ти, куќата на островот наречен Холандија е последниот објект кој преостана од брзото еродирање на Заливот Чесапик. Жителите на островот биле принудени да го напуштат во 1920 година, но овој објект останал со децении како што островот полека исчезнувал.

По бројни обиди да се сочува, куќата се распадна во океанот во октомври 2010 година. Во нејзиниот краток анимиран филм, „Баладата на куќата на островот Холандија“ („The Ballad of Holland Island House“), аниматорката Лин Томлинсон, ја споделува приказната за куќата преку иновативна техника која вклучува анимација на цртежи направени од пластелин на стакло. Секоја од сцените е направена рачно со пластелин и фотографии.