[Видео] Анимација за влијанието на човекот врз светот на Steve Cutts

„MAN“ е анимација на британскиот илустратор и аниматор Steve Cutts, што има за цел да го прикаже влијанието на луѓето врз светот, но на саркастичен начин.

Анимацијата носи мрачна, но истовремено и комична приказна зад себе, и е вознемирувачки поглед кон човечкиот вид и штетите што им ги прави на останатите видови и на природата. MAN е парабола на човек кој сака да стекне моќ над светот, наместо да се соедини во него.

Видеото кое собра неколку милиони прегледи на Youtube ги запраша луѓето до каде може да оти ароганцијата кај човекот.