[Видео] Анимација – сеќавање на 100 години од почетокот на Ерменскиот геноцид

Аргентинското студио 2veinte ја изработи оваа триминутна анимација во сеќавање на геноцидот на Ерменците во Турција, кој започнал пред точно 100 години со депортацијата на ерменските интелектуалци на 24 април 1915.

Овој историски настан, кој науката го смета за првиот геноцид во модерното време, е постојан предмет на контроверзи – турската држава не признава дека се случило систематско истребување на Ерменците на нејзина територија. Од друга страна, според бројните сведоштва, пишани документи, но и низа независни истражувања, во депортациите и масовните убиства кои се случувале во годините на Првата светска војна и подоцна, загинале од 800.000 од 1.5 милион луѓе.

100 Years – Armenian Genocide from 2veinte on Vimeo.